„Најдобриот начин на кој можеме да се избориме со кризата е, тука во Северна Македонија да отвориме и обезбедиме што е можно повеќе работни места за нашите граѓани. Најдобриот начин како да се избориме со високите трошоци за живот, е да донесеме подобро платени работни места во индустриите на иднината, кои се поддржани од оваа Влада“ изјави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција.
Тој кажа дека изминатиов период се отворија неколк нови инвестиции, меѓу кои и вчерашната на компанијата „Киел Македонија“ во ТИРЗ Тетово, инвестиција од 9,2 милиони евра.
„Тоа е само показател дека и во услови на криза се реализираат големи инвестиции. Само од новите инвестиции кои ги објавивме изминативе неколку месеци се отвораат нови над 1700 работни места“ рече Ковачевски.
Премиерот додаде дека инвестициите во сите зони се цел на владата, за кризата да се преброди со нови фабрики и нови вработувања.
233 улилишта и 235 фирми од прехранбениот сектор се пријавиле за субвенционирано снабудавање со струја
„До вчера беше рокот за пријавување за сите оние кои сакаат да почнат да ја користат повластената цена на електрична енергија од ЕСМ од 1 декември. Субјектите кои не успеале да поднесат комплетни документи, во следниот период ќе можат да го сторат тоа и ќе бидат ставени на субвенционирано снабдување од 1 јануари“ изјави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција.
Тој додаде дека Владата останува посветена на поддршката на граѓаните и комапниите и повтори дека никој нема да биде оставен сам.
„Од 474 јавни основни и средни училишта во државата, за субвенционирано снабдување се пријавиле 233, од сите градови. Од 70 јавни претпријатија од областа на водостопанство, собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на отпадни води кои работат со пумпни или пречистителни станици се пријавиле 50 субјекти. Од категоријата на физички и правни лица регистрирани во прехранбениот сектор, се пријавиле 235 субјекти“ рече Ковачевски.
Премиерот кажа дека Владата со одговорниот пристап ги враќа парите назад кај граѓаните кога тоа е најпотребно и со таков пристап се обезбедија 760 милиони евра за антикризни мерки за најранливите категории на граѓани, како и континуирано субвенционирање на цената на струјата до 80 отсто за домаќинствата.