Search

Пукање на прославата на крајот на учебната година во американскиот град Гринбелт, ранети пет тинејџери

Пет тинејџери на возраст од 16 до 18 години се повредени во пукање во парк и рекреативен центар во Гринбелт, Мериленд, а еден од нив е во критична состојба, соопштија властите.

Околу 500-600 тинејџери се собраа во петокот, денот кога избраа да го прескокнат училиштето за да ја прослават својата последна година, што е широко распространета практика во многу американски училишта.

Тинејџерите започнале да се забавуваат и меѓусебно да се пукаат со водени пиштоли кога одекнале истрели.

Сообраќајните полицајци кои биле во близина веднаш излегле на лице место, каде им помогнале на повредените ученици, а стотици тинејџери побегнале од паркот.

„Ова е ужасен, бесмислен, трагичен чин… Тој е хроничен во нашето општество и мора да направиме нешто за да го спречиме. Тоа беа деца кои сакаа добро да се забавуваат во локалниот парк – истакна директорот на полицијата на Гринбелт, Ричард Бауерс.

Тој изјави дека сите пет жртви биле пренесени во локалните болници.

Полицијата верува дека напаѓачот побегнал со група средношколци и засега не е лоциран.

Треба да знаете
Последни објави