Криптовалути
БИТКОИНОТ ЌЕ ДОСТИГНЕ ДО 100.000 ДОЛАРИ – Криптозимата заврши!?
Најпознатата криптовалута биткоин би можела да достигне вредност од 100.000 долари до крајот на 2024 година.
“Биткоинот би можел да ја зголеми својата вредност благодарение на факторите како што се неодамнешните превирања во банкарскиот сектор и стабилизирањето на ризичните средства, бидејќи Федералните резерви на САД го завршуваат циклусот на зголемување на каматните стапки и подобрената профитабилност од крипторударење”, изјави шефот за истражување на дигитални средства на „Standard Chartered”, Џеф Кендрик.
„Додека изворите на несигурност остануваат, мислам дека патот на биткоинот до нивото од 100.000 долари станува се појасен“, предвидува Кендрик.
Биткоинот се зголеми речиси двојно оваа година, надминувајќи го прагот од над 30.000 долари во април за прв пат по десет месеци. Добивките претставуваат делумно закрепнување откако трилиони долари беа избришани од крипто секторот во 2022 година, бидејќи централните банки ги зголемија каматните стапки и голем број крипто компании крахираа.
Последните случувања во крипто секторот и трендот на раст на криптовалутите укажуваат дека полека но сигурно криптозимата завршува и следат посветли денови за крипто секторот.
Криптовалути
КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!
Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“.(повеќе…)
- Домашни банкипред 2 месеци
Д-р Билал Суџубаши со силна порака до акционерите и клиентите: Халкбанк е сигурна и стабилна банка, доказ за тоа е профитот од 20,3 милиони евра за изминатата 2023 година!
- Банкипред 2 месеци
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Бизниспред 1 месец
КИБС донираше компјутерска опрема за Педагошкиот факултет при УКИМ
- Банкипред 4 недели
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 1 месец
Шпаркасе Банка со двајца нови членови на Управниот одбор – Златица Цивкароски и Александар Џорџевиќ
- Домашни банкипред 2 месеци
Д-р Маја Стевкова Штериева: 2023 година беше уште една многу успешна година за Комерцијална банка
- Останатопред 4 недели
Кралицата Матилда се сретна со нашиот тим кој освои бронза на Европскиот квиз на парите
- Домашни банкипред 2 месеци
Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“од магазинот Global Finance