26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНафтените гиганти ги привлекува Северна Африка

Нафтените гиганти ги привлекува Северна Африка

Потрагата на Европа по алтернативни залихи ги наведе големите нафтени компании да обрнат внимание на Северна Африка, која е заборавена во последните години, пишува „The Wall Street Journal“.

Компаниите како „Chevron“, „Eni“ и „Halliburton“ почнуваат да го зголемуваат своето присуство во регионот, опишан како еден од најтешките за водење бизнис во светот.

Во месеците од почетокот на војната во Украина, голем број европски лидери ги посетија африканските земји, обидувајќи се да ги поддржат преговорите за алтернативно снабдување со енергетски суровини.

А плановите се на место – италијанската „Eni“ ќе инвестира во Алжир и очекува да увезе околу половина од количините што до неодамна ги добиваше од Русија. Од 2023-та година, снабдувањето со алжирски гас на компанијата ќе се зголеми за дополнителни 3 милијарди кубни метри. „Eni“ ќе почне да увезува уште повеќе течен гас од Египет.

Американските „Halliburton“ и „Honeywell“ подготвуваат договори за вкупно 1,4 милијарди долари за развој на нафтени полиња и рафинерија во Либија, земјата со најголеми познати нафтени резерви во Африка.

„Chevron“ очекува договор и со Алжир, а во јануари најави големо ново поле во Египет.

Во последниве години, политичкиот ризик во северноафриканските земји ги намали инвестициските намери во регионот. Развојот на проектите е загрозен и од бирократијата, вели Џеф Портер, шеф на американската консултантска компанија „Risk Consulting“, со седиште во регионот. Според него, војната во Украина и дава шанса на Северна Африка да го смени трендот.

Во последниве месеци, регионот почна да се стабилизира, при што западните нафтени гиганти известија, на пример, дека борбите во Либија почнуваат да се намалуваат по 10-годишната граѓанска војна. Поради тоа, американските компании побегнаа од регионот и се фокусираа на наоѓалиштата од шкрилци во нивната татковина. На 22-ри март, американскиот државен секретар Ентони Блинкен за време на дебата во Сенатот коментираше дека САД планираат повторно да ја отворат својата амбасада во Либија. Мисијата во Триполи беше затворена во 2014-та година.

Земјите во Африка исто така се обидуваат да го зголемат извозот на суровини за да ги покријат нивните зголемени трошоци за храна, бидејќи Украина е главен извозник и војната предизвика зголемување на цените во 2022-ра година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП