
Во четвртокот во Македонија ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.
Во Скопје и околината исто така денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринските температури се движат меѓу 4 и 11, а соодватно највисоките во текот на денот ќе бида од 8 до 20 Целзиусови степени.