21 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОвие три намирници можат да ги затнат артериите

Овие три намирници можат да ги затнат артериите

Здравјето на срцето бара посебно внимание, а урамнотежената исхрана има клучна улога во сето тоа.

Многу често ја избираме помалку здравата храна затоа што е повкусна, а не сме ни свесни за влијанието што поздравите алтернативи на сето она што го сакаме може да го имаат врз целокупното здравје на нашето тело.

Диететичарот Џеси Федер откри три намирници кои ги затнуваат артериите и се лоши за здравјето на срцето.

1. Полномасно млеко

Високата содржина на масти што ја содржи може да биде многу штетна за срцето.

„Високата количина на заситени масти придонесува за зголемување на нивото на ЛДЛ холестеролот“, посочува диететичарот.

2. Сирење со висока содржина на масти

Иако е вкусно, сирењето може да биде значаен извор на заситени масти и калории. Сирењата со висока содржина на маснотии, како што се чедар и швајцарски, можат да бидат најштетни за здравјето на нашето срце.

3. Кокосово масло

Не е баш најсреќното решение кога е срцето во прашање, иако во последните години се забележува тренд дека е многу здраво. Наместо тоа, подобро е да користите авокадо или маслиново масло, кое содржи многу помалку заситени масти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП