Поврзете се со нас

Шпанија

Озил ја „закачи“ Барселона: Тие се виновни што Ел Класико не е најголемиот натпревар во светот, мора да престанат…

Објавено

на

Foto:instagram.com/m10_official

Реал Мадрид и Барселона ќе го одмерат силите во големото шпанско дерби, дерби закажано за в недела од 21 часот на „Сантијаго Бернабеу“.

Овие дуели секогаш се интересни, носат посебна емоција, многу борба, енергија на теренот и трибините и тоа многу добро го знае Месут Озил кој три години беше дел од „кралевите“.

Тој дефинитивно ќе ја испрати оваа пресметка во која според него Реал влегува како фаворит.

-Реал е фаворит, Барселона се мачи. Имаат добри играчи на сите позиции, но имаа премногу повреди оваа сезона и можеби треба да гледаат малку повеќе на себе и не секогаш да се жалат на судиите. Тоа не помага. Реал игра фантастична сезона. Тоа не го очекував откако Карим си замина од клубот. Ама толку добро им оди. Ако Реал победи, ќе ја освои титулата. Реал нема да загуби неколку натпревари во низа Тие се толку силни, -истакна Озил за „Марка“ притоа вперувајќи го прстот кон Барселона зошто Ел Класико повеќе не е најголемиот натпревар на светот.

-Во тоа време тоа беше најголемиот натпревар во светот на фудбалот. За наша жал, Барса беше можеби најдобрата Барса во тоа време. Барса на Пеп беше на друго ниво од денешната Барса. Во денешно време фокусот е можеби повеќе на натпревари како Ливерпул против Манчестер Сити или други натпревари во Премиер лигата. Не е толку на Класико. Ама тоа не е вина на Реал Мадрид бидејќи дефинитивно е еден од најдобрите тимови во светот. Барса ја загуби моќта, -порача Германецот со турски корени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни