Преку игра и драматизација во детските градинки продолжува одбележувањето на Неделата на имунизацијата

Преку игра и глума да се надмине стравот од вакницирање, вака започна активноста за имунизација во градинката „Вера Циривири Трена“ во Штип. Докторката, Дијана Коцева- Миланова посочи и дека целта на оваа активност е преку драматизација, дечињата да одат во амбулантите и да се вакцинират како и да ги спречат болестите кои го напаѓаат организмот.

„Со цел да ја одбележиме европската недела на имунизацијата, во заедничка соработка со градниките да организираме една работилница, преку игра и симулација на процесот на имунизација дечињата да доаѓаат во нашите амбуланти и да не чувствуваат страв.„ -изјави Миланова

На самиот настан и директорката на градинката, Ивана Ангеличкова, посочи дека имунизацијата е важн процес за заштита на здравјето кај децата и да не се плашат. Исто така за запишување во градинка, децата се должни да имаат уреден вацинален статус.

„Всушност имунизацијата не е страшна, односно вакцинирањето не е страшно дека не треба да се плашат од шприцеви, игли, затоа што тоа придонесува да тие бидат здрави деца, и да ги посетуваат нашите детски градинки. За запишување во градинка треба детето да има уреден вакцинален статус во моментот на запишување“ – изјави Ангеличкова.

Во меѓувреме, Миланова-Коцева посочува дека се задоволни од процентот на вакцинирани деца во Штип и регионот. Свеста е голема вели таа, додавајќи дека ова е причина поради која во овој регион нема заразени деца со голема кашлица.

„Ние сме задоволни од процентот на имунизација, конкретно на територија на Општина Штип изнесува над 90% скоро за сите вакцинирани“- посочи Миланова

Во период кога големата кашлица зема се повеќе замав и претставува закана како за најмалите така и за постарите , конкретно резултатите покажуваат дека процентот на вакцинирани изнесува 90% во Општина Штип, што значи дека свеста за вакцинирање се повеќе расте.

Лаура Стојанова М-Нет