Кумановци со „плус 30“ на чекор до влез во Првата лига

МКК Куманово продолжи со извонредните игри што оваа екипа ги покажува од самиот старт на сезонава, импресивно стартувајќи ја и полуфиналната серија од плејофот во Втората лига против Ангели. Гостите од Скопје стигнаа со надеж за изненадување, но Куманово набрзо покажа кој е кој на теренот, славејќи со убедливи 30 поени разлика (80-50).

Кумановци почнаа силно во одбраната, му дозволија на гостинскиот тим да реализира само осум поени во првата четвртина. Реализираа 17, и испратија најава дека сакаат да го продолжат трендот на победување. До полувремето, МКК Куманово веќе беше на плус од 16 поени (41:25), разлика која од минута во минута растеше и стигна до максимални 30 поени.

Капитенот Марјан Јанески реализираше 17 поени, Ренато Димитриески и Јовановиќ имаа по 11, додека Оровчанец со десет поени беше единствениот играч со двоцифрен ефект кај Ангели.

Втората полуфинална серија ќе стартува во сабота (од 20.часот во салата „Зеф Љуш Марку“), а ќе се сретнат екипите на Шкупи и на Маџари.

Се вчитува...