Лош сум за математика, добар сум за боречки вештини и ефикасно работење

Градоначалникот на скопската општина Бутел, Дарко Костовски, одговара на 10 прашања надвор од локалната самоуправанадвор од политиката…

1. Три најсреќни моменти во животот?

– Кога се родија синот и ќерката, внукот, а и освојувањето на олимпискиот медал.

2. Три работи кои се каете што сте ги направиле?

 Не се каам за ништо.

3. Тројцата Македонци од сегашноста со кои се гордеете?

 Дејан Георгиевски, Борче Костовски и Симон Трпчевски.

4. Три работи кои Ве радуваат и три што Ве нервираат?

 Ме радуваат луѓето генерално, ме радува тренинг, ме радува семејството. Ме нервира, понекогаш, недисциплина.

5. Три предмети што најмногу Ве намачија како ученик?

 Математика, вредна како за три, ха, ха, ха…
6. Три работи во кои сте добар, и три во кои не Ве бива?

 

 Добар во боречки спортови, во разговарање со луѓе и ефикасно работење. Лош во математика, механика и одмарање.

7. Три места во Македонија што радо би ги посетиле?

 Штип, Крушево и Охрид.

8. Три најдобри книги, филмови и песни?

– Книги: Феноменологија на духот – ХегелДве расправи за владата – Лок и Левијатан – Хобс.

Филмови: Серијалот „Роки“, „Последниот самурај“ и „Нинџа желки“ (првиот дел).

Песни: „Излажи ме“, „Всичката се гора“ и „Бисер балкански“

9. Три омилени јадења?

– БурекЛососСелски јајца

10. Три совети кои ги давате на другите?

– Моли се на Господ, ама продолжи да пливаш. Да не мразат и да спортуваат.

Претходна вестВоено злосторство не застарува, а што ќе напраат со други недела направени до денес?
Следна вестЦУК: Активен пожар на Китка, во последното деноноќие изгаснати 22 пожари