Повеќе од 2.000 илегални мигранти пристигнале во Италија во последните 24 часа, објавија денеска локалните медиуми.

Италијанската крајбрежна стража, финансиската полиција и хуманитарниот спасувачки брод „Луиз Мишел“ спасија неколку чамци со мигранти, главно од земјите во регионот Сахел во Западна Африка, вклучително и Брегот на Слоновата Коска, Камерун, Гамбија, Гвинеја, Мали и Нигер, соопшти државната јави италијанската новинска агенција АНСА.

Агенцијата наведува дека се очекува да продолжи приливот на мигранти.


Администратор
26/03/2023 05:03