Шлуп направи глупост и гужва па се извлече, Каземиро за давење доби прв директен црвен картон во кариерата (Видео)

Манчестер јунајтед го победи Кристал палас во возбудлив меч на „Олд Трафорд“ со 2:1, а имаше и инцидент по кој за првпат во кариерата, откако игра во Топ-5 лигите во Европа, Каземиро доби директен црвен картон.

Целата ситуација ја испровоцира Џефри Шлуп од Кристал Палас со груб старт над Ентони, а играчот на Манчестер јунајтед летна во рекламите и настана вистински хаос.

Се вмешаа речиси сите играчи, а камерата го фати Бразилецот Каземиро како го дави Вил Хјуз и му удри и шамар.

Тоа го забележаа и судиите во ВАР собата и му сугерираа на судијата Маринер да му додели црвен картон на Каземиро, што и се случи.

За Каземиро ова е прво исклучување со директен црвен картон, откако игра во екипи од Топ-5 лигите во Европа.

Досега настапуваше за Реал Мадрид и одигра 336 натпревари и 30 за Манчестер јунајтед.

 

 

- Оглас -

Најнови вести