Ќе се асфалтираат над 30 улици во Гази Баба

66

Општина Гази Баба започнува акција во рамките на која ќе се асфалтираат над 30 улици.

-Како локална самоуправа и оваа година ќе извршиме асфалтирање на повеќе од 30 улици во Јурумлери, Идризово, Виниче, Булачани, Гоце Делчев, Инџиково, Керамидница, Ченто, Кирил Петрушевски, Хиподром, Раштак и други населени места.Во изминатите две години извршивме реконструкција и ревитализација на повеќе од 60 локални улици – информираат од локалната самоуправа.