Италијански ресторан со добитен услов: Гостите што ќе го предадат телефонот на влез, ќе добијат подарок

120

За да го избегне трендот на фотографирање храна, еден италијански ресторан на своите гости им подарува шише вино доколку го остават мобилниот на влезот.
Ресторан во Верона на своите гости им нуди интересна опција.

Потребно е само да го оставите мобилниот телефон на влезот во ресторанот и ќе добиете шише вино на подарок.

Гостите кои ќе одлучат да го сторат тоа, го ставаат мобилниот во посебна кутија при влегувањето во ресторанот. Потоа ја заклучуваат кутијата и го земаат клучот. Кога ќе му го покажат клучот на келнерот, тој ќе им даде бесплатно шише вино.

Сопственикот на ресторанот, Анџело Лела, објаснил дека сака да отвори ресторан кој би бил поинаков.

– Гостите можат да одлучат да се откажат од технологијата додека уживаат во моментите на заедничко дружење. Технологијата навистина станува проблем. Нема потреба да го гледате телефонот на секои пет секунди, но за многумина тоа е како дрога. На овој начин тие имаат можност да го остават телефонот на страна и да се напијат добро вино.

Инаку, интересно е што околу 90 отсто од гостите одлучуваат да ја прифатат понудата на ресторанот и да го предадат својот мобилен телефон во замена за шише вино.

– Реакцијата беше многу позитивна. 90 отсто од гостите одлучуваат да ги остават мобилните телефони во замена за вино. Навистина е убаво да се види како луѓето го прифаќаат тоа и разговараат меѓу себе наместо да гледаат фотографии или да одговараат на пораки на нивните мобилни телефони – изјавила сопственичката.
Покрај тоа, ресторанот воведе уште една примамлива понуда. Гостите можат да напишат рецензија и да ја остават во полето каде што се нивните мобилни телефони. Оние кои ќе напишат најдобра рецензија добиваат бесплатен оброк при следната посета, пишува Гардијан.