Патот на Македонија е во Европската унија заедно со другите држави

Вчера вечер Штипјани имаа можност да ја проследат презентацијата на изборната кампања на кандидатите за пратенци Мартин Велинов и Благој Бочварски, која се оддржа во НУЦК „Ацо Шопов“, Штип. Децидини и едногласни стојат на ставот дека местото на Македонија и припаѓа во Европската унија, после НАТО.

„Истата 22 година, под раководство на претседателот Ковачевски ги започнавме преговорите за членство во Европската унија. И што значи ова? Ова значи само едно, дека повеќе од триесет години СДСМ е главен столб на државноста на Македонија“ изјави Бочварски

„Затоа е важно СДСМ после и овие избори да продолжи да ја води Македонија таму каде што ни е местото на сите, на цела држава. После НАТО, влез во Европската унија, како Македонци со Македонски јазик, по исправниот пат.“ посочи Лукаревска

„Сите од истокот беа прегодувани, беа под уцени, закани, притисоци за да бидат само гласачка машинерија. Но воопшто истокот не се развиваше, имавме еден режим кој што ништо не направи токму за истокот.„ изјави Николовски

„Се сеќавате кога ветивме 18.000 минимална и 30.000 просечна плата? Кога нашиот Зоран Заев велеше: „ И железни опинци ќе облечам ама 500 евра просечна плата ќе има!“ Денес имаме 22.500 минимална и 40.000 просечна плата во државата.„ изјави Велинов

Повикуваат на масовна излезеност за поддршка на 24 април и 8 мај. Во периодот кој следува ветуваат просечна плата од 1.100 евра и минимална од 600 евра.

Лаура Стојановa М-Нет