Утревечер во Драмскиот Театар во Скопје гостува претставата „Нема струја за електричниот стол“ на велешкиот театар

Во среда, на 6 март 2024 година, во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена претставата „Нема струја за електричниот стол“ на Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес.

Автор: Александар Секулов
Режисер: Дејан Пројковски
Драматург: Сашо Димоски
Сценски дизајн: Филип Коруновски
Видеодизајн и анимација: Борче Конзулов и Филип Коруновски
Композитор и изведба на музика во живо: Сашко Костов
Камери: Данчо Стефков и Александар Костов
Превод: Дејан Пројковски
Лектор: Весна Костовска
Суфлер: Орхидеја Дукова
Инспициент: Славиша Ѓорѓиев
Дизајн на плакат: Филип Коруновски
Фотограф: Иван Камчев


Улоги: Васил Зафирчев, Исидор Јовановски

Технички раководител: Никола Игнов
Светло – оператори: Марјан Тодоровски, Зоранчо Јордев
Тон – оператор: Славчо Коцев
Декоратери: Игор Гаврилов, Хишам Латифов, Ѓоре Павлов, Јовица Стаменковски, Горан Димов
Реквизит: Благој Илиев
Гардеробер: Јулијана Ангеловска


Приказната е сместена среде апокалиптична околност во која се поместени двата лика – оној што е осуден на смрт со електричен стол и оној што треба да ја изврши осудата. Дијалогот пласира луцидна, иронична и саркастична приказна, која низ мултинаративен систем генерира уникатно сценско доживување. Овој мултимедијален проект има цел да ги преиспита границите меѓу сценското дејство, филмскиот израз и видео анимацијата преку постојаното претопување на различните медиуми во единственото на театарската претстава.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неделен хороскоп за сите хороскопски знаци: Што не очекува оваа недела според хороскопскиот знак?!

Овен Работа: На почетокот на неделата ќе бидете доста активни, комуникативни, актуелни и на многу …