Поврзете се со нас

АБА лига

Пелистер го загуби клучниот натпревар и го заврши настапот во АБА2 лигата

Објавено

на

foto:twitter.com/ABA_League2

Кошаркарите на Пелистер претрпеа пораз од Спартак Суботица со 88:81 во клучниот натпревар во АБА2 лигата, пораз кој значеше крај на сезоната за „зелено-белите“ во регионалното натпреварување.

На клубот од Битола му беше потребна победа за да ги задржи шансите за место во плејофот, меѓутоа повторно имаше проблеми со континуитетот во играта и тоа придонесе српскиот тим да слави и ја обезбеди првата позиција на табелата со учинок 11-2.

Кога е пак во прашање Пелистер тој ја завршува кампањата со само 5 победи во 13 натпревари со што остана под цртата која води во разигрувањето.

Магдевски со 24 поени беше прв стрелец, Планиниќ имаше дабл-дабл од 17 поени и 14 скокови.

Кај победникот Барна ја предводеше листата со 17 кошеви.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни