Мецола: „Проширувањето на ЕУ останува приоритет, време е да се отворат преговорите со Украина, Молдавија, Грузија, БиХ“

by Fokus

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола на седницата на Европскиот совет изјавила дека проширувањето на Европската унија останува приоритет, соопшти Европскиот парламент.

Таа нагласи дека проширувањето останува приоритет „за Украина, Молдавија, Грузија и Босна и Херцеговина, за сите нас“.

Мецола порача дека секој треба да оди по својот пат и да ги исполни сите потребни критериуми и оцени дека напредокот на Украина е импресивен.

Таа додаде дека во изминатата година, Молдавија и Босна и Херцеговина исто така постигнале значителен напредок во реформите.

„Време е да го одржиме зборот. Време е да се отворат преговорите со нив за пристапување во ЕУ и да се испрати јасен сигнал до луѓето од Западен Балкан, рече Мецола.

Таа оцени дека во оваа нова геостратешка средина, проширената ЕУ, која се заснова на јасни цели, критериуми и заслуги, секогаш ќе служи како „наша најдобра инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот“.

„Европската унија не е совршена, но таа е најдобрата гаранција за сите нас. Значи, онаму каде што треба да поправиме, дозволете ни да го поправиме, но ајде да продолжиме да градиме, наместо да дозволиме сè да биде лесно уништено од цинизмот“, рече Мецола.

Поврзани новости