6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИByteDance подготвен да го затвори TikTok во Америка, продажба не доаѓа во...

ByteDance подготвен да го затвори TikTok во Америка, продажба не доаѓа во предвид поради една причина

Ако ги исцрпи сите правни опции против законот што би можел да го забрани TikTok од продавниците за апликации во САД, кинеската компанија ByteDance ќе го затвори TikTok во САД наместо да го продаде. Алгоритмите се клучни за целиот бизнис на ByteDance, што ја прави продажбата на TikTok со алгоритми речиси невозможна.

TikTok претставува само мал дел од вкупниот приход на ByteDance, поради што компанијата, во најлошото сценарио, повеќе би сакала да ја исклучи апликацијата во САД отколку да ја продаде на американски купувач. Исклучувањето на TikTok нема да има значително влијание врз бизнисот на ByteDance, бидејќи компанијата не би морала да се откаже од својот основен алгоритам.

ByteDance објави на Toutiao дека не планира да го продаде TikTok, одговарајќи на шпекулациите дека може да го продаде својот бизнис во САД без клучните алгоритми. Џо Бајден неодамна потпиша нацрт-закон со кој на TikTok му дава рок на продажба до 19 јануари, ден пред истекот на неговиот мандат, но рокот може да се продолжи за три месеци доколку Бајден смета дека ByteDance напредува во преговорите.

Кина се противи на присилната продажба на TikTok, посочувајќи дека секоја продажба или спин-оф би вклучувала извоз на технологија која мора да помине низ процедури за лиценцирање според кинескиот закон.

Според извори запознаени со ситуацијата, пазарот во САД изнесува околу 25% од вкупниот приход на TikTok минатата година. Најголем дел од приходите на ByteDance сè уште доаѓаат од Кина, главно преку апликации како Douyin, кинескиот еквивалент на TikTok.

Законодавците во САД изразија загриженост дека Кина може да ја користи апликацијата за пристап до податоците на Американците или за надзор, што дополнително ги комплицира обидите на ByteDance да се спротивстави на притисокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП