Амбасадата на Русија во Скопје: На местото од Лавров порака: „Резервирано за НАТО“

0
156

Портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова преку амбасадата на Русија во Скопје рече дека денеска се случила провокација за време на средбата на ОБСЕ.

Според објавата на X, таа вели дека на местото кое било за Русија, осамнал лист на кој пишувало „резервирано за НАТО“.

„На масите во салата за состаноци на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ има јасна манифестација на она за што зборуваше Сергеј Лавров во својот говор: под притисок на САД, логиката на ОБСЕ се заменува со агресивната идеологија на НАТО“, напиша како реакција Захарова.

извор: Руска амбасада