ТЕРА

REKLAMA???

МОЈСОСКА ГИ ПОВИКА ПРАТЕНИЦИТЕ ДА СЕ ОТКАЖАТ ОД ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ

Носителката на листата на левица во изборната единица пет, Јована Мојсоска, од Крушево апелираше до сите пратеници да се откажат од патните трошоци и да се солидаризираат со обичниот народ.

„Левица е единствена партија која се залага за укинување на патните трошоци, за укинување на привилегиите на функционерите. Нашите пратеници во изминатиот мандат имаа 0 денари патни трошоци, така ќе биде и во наредниот мандат. Упатувам апел до сите пратеници во услови кога во Македонија во која речиси 500 000 жители живеат на работ на сиромаштијата, ги повикувам пратениците да се откажат од своите патни трошоци, рече Мојсоска.