Поврзете се со нас

НБА

Браќата на Јокиќ во „изолација“: Денвер не сака да ризикува со контроверзните фанови (Фото)

Објавено

на

Денвер ја комплетираше победата во првата рунда на НБА плејофот, а Никола Јокиќ со уште еден одличен настап не дозволи брејк на Лос Анџелес Лејкерс во петтиот дуел во серијата.

Домашните фанови со право ја прославија доминацијата над Лејкерс, а Денвер не сакаше да ризикува со браќата на Јокиќ и реши да ги смести на малку поинаква позиција во однос на претходните натпревари.

По инцидентот кој се случи на трибините на претходната средба во Денвер, Страхиња и Немања Јокиќ се забележани во изолирана ложа и далеку од противничките фанови кои очигледно ги испровоцираа во претходната ситуација.

Фото од позицијата на браќата Јокиќ на трибините може да ја видите ТУКА

Страхиња Јокиќ удри навивач со тупаница и ја шокираше американската јавност, а НБА отвори истрага за инцидентот, за кој засега нема некаква дисциплинска санкција.

Еден од браќата на Јокиќ удри фан на трибините во арената на Денвер (Видео)

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни