Предупредување на Охрид SOS за новоградба врз археолошки остатоци

Охрид SOS предупредува за повторна возможна изградба над археолошки остатоци во старото јадро на Охрид.

Овој пат станува збор за парцела веднаш до ранохристијанската базилика на локалитетот „Манчевци“, каде се вршат забрзани археолошки истражувања. Неодамна била поставена и табла со известување за нов станбен објект.

 

фото: Охрид SOS

 

Според приложеното на facebook страната на Охрид SOS,  забележливи се остатоци од градба / градби, каде се видливи фрагменти од фрескоживопис. Се поставуваат прашањата како ќе се третира овој простор, дали ќе се доистражи целиот локалитет, кога би се дозволила изградба на нов објект- дали овој простор ќе биде сочуван во подрумскиот дел или ќе се дозволи целосно негово деградирање?!

 

фото: Охрид SOS

 

Ваква слична ситуација на неколку метри растојание  веќе посведочивме пред неколку години, каде во истиот ваков процес на археолошко документирање без забележливи масивни кружни ѕидови и остатоци од градби. На тоа место сега има нов објект кој „имитира“ охридска традиционална архитектура!

 

фото: Охрид SOS

 

Охрид и неговата значајност за македонската, словенската и светската историја се неприкосновени. Од тука делувањата во старото јадро, мора да имаат посебни параметри и побарувања, а често да бидат и целосно забранети.  Доколку се дозволи изградба, проектот мора да ги третира остатоците со цел нивна достапност, презентација  и оддржување на адекватен начин!