• понеделник, 13 мај 2024

Баерн вади огромна сума за Френки де Јонг

Баерн вади огромна сума за Френки де Јонг

Минхен, 5 мај 2024 (МИА) - Раководството на Баерн Минхен ќе се обиде да го привлече играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, пренесе „Скај“.

Шефовите на баварците за него подготвиле 75 милиони евра.

Минатото лето Барселона сакаше да го продаде Френки Де Јонг поради финансиски проблеми, но играчот од средниот ред сепак остана во тимот.

Се наведува дека раководството на тимот од Минхен веќе стапил во контакт со претставниците на Де Јонг за да ги дознаат условите на самиот играч.

Барселона би била подготвена да го продаде холандскиот репрезентативец во договор со слични финансиски параметри.

За Барселона најголем проблем е високата плата и поради финансиски проблеми на лето ќе мора повторно да продава играчи. дс

Фото: Архива

Остани поврзан