Се појави видео од Теодора Џехверовиќ без трошка шминка! Не би ја препознале доколку ја видите на улица

Дали е тоа реално?

Теодора Џехверовиќ важи за една од најатрактивните пејачки на естрадата. Не е тајна дека, како и другите јавни личности, таа често користи апликации кои и го разубавуваат лицето и телото, а ретко е да се види во природна состојба без тешка сценска шминка.

Популарната дама често е мета на позитивни и негативни коментари кога се во прашање нејзините провокативни фотографии кои ги објавува на социјалните мрежи. Меѓутоа, сега на интернет кружи нејзино видео на кое, како што тврдат многумина, ретко кој ја препознал.

На социјалната мрежа Твитер се појави видео од Џехверовиќ на кое таа позира без трошка шминка со насмевка на лицето и со коса врзана во опавче.

Пејачката во домашното издание, како што напишаа во коментарите корисниците на споменатата социјална мрежа, не е ни слична на она што може да се види на нејзиниот профил.