Знаете ли зошто треба да ставите СОЛ во кафето?

19 април, 20240

Ако сте решиле да се откажете од млекото во кафето или едноставно сакате да го истакнете вкусот на омилениот пијалок, испробајте проверен трик.

Кога доаѓате на работа, а зад вас е „напорен“ викенд, а треба брзо да се разбудите и да се вразумите, нема ништо подобро од кафе.

Сркањето горко кафе за повеќето е големо разочарување, но денот мора да продолжи со таков вкус. За среќа, вкусот на кафето можете да го подобрите со ништо помалку од – сол!

Освен што ќе ја намали горчината, а со тоа и потребата од нездрав шеќер, па дури и млеко, кафето ќе има подобар вкус. Според гастроентерологот Алтон Браун, совршена мерка е четвртина лажичка сол и две лажици мелено кафе по голема шолја вода. Секако, доколку неговата препорака за количината на кафе ви е премногу, прилагодете ја на сопствениот вкус.

Што ви треба: Кафе и сол

Што правите: Ставете сол во горкото кафе и промешајте

Зошто делува: солта чудно се врзува за пупките за вкус кои откриваат горчина и ги спречува да ја вршат својата работа. Наука, чиста наука!

Резултат: Можеби ќе добиете малку навестување на соленост, но ако претпочитате солено пред горчливо, овој трик е идеален за вас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi