Избркајте ги молците со овие проверени трикови: Засекогаш ќе ги снема од вашиот дом!

17 април, 20240
image_2024-04-17_212730791

Тие можат да ви ја уништат храната во шкафовите во кујната или да направат дупки во вашата облека, па единственото нешто што ви останува е да ја фрлите. Но, имаме докажани трикови кои ќе ги избркаат, иако борбата со молците понекогаш изгледа безнадежна.

Прво исчистете сè

Отстранете и проверете сè од кујнските кабинети. Фрлете ги пакувањата кои имаат дупки, бидејќи молците веќе се населиле таму. Задолжително погледнете под капаците на теглите. После тоа, полиците избришете ги со мешавина од еднакви количини оцет и вода.

Облека во плакарот

Ако забележите дупки во вашата облека, тоа значи дека имате молци. Извадете сè, фрлете ја облеката со дупки, а остатокот измијте го во машината. И избришете ги полиците во плакарот со мешавина од оцет и вода пред да ја вратите облеката.

Нив ги одбива мирисот на ловор

Ловоровите листови се одлични за одбивање на молци. Неговиот мирис ќе ги спречи да влезат во плакарот доколку на секоја полица ставите по еден лист. И ќе ги избрка ако веќе се вселиле во вашиот плакар.

Користете есенцијални масла

Молците не го поднесуваат мирисот на лаванда, кедар и цитрус. Ставете капка од едно од овие три есенцијални масла на парче памук, а потоа ставете го во плакарот. Молците ќе бегаат.

Направете спреј од лаванда

Измешајте една лажица алкохол, 30 капки есенцијално масло од лаванда и 100 ml дестилирана вода. Ставете го тоа во шише со спреј. Протресете пред употреба и испрскајте ги полиците од плакарот. Кога ќе се исуши, вратете ја повторно облеката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi