Познати двојките за полуфиналето на Ф4 од Лигата на шампионите во Келн

Денеска во Виена, Европската ракометна федерација со ждрепка ги одреди полуфиналните двојки за завршните турнири во Лигата на шампионите во машка и во женска конкуренција.

Актуелниот шампион Магдебург ќе се бори против Алборг во првата полуфинална пресметка, додека Кил ќе се пресмета против Барселона. Ф4-турнирот во Келн ќе се одржи во период од 7. до 9. јуни кога ќе биде решен новиот европски шампион.

Во женското полуфинале од Лигата на шампионките, пак, ќе се соочат Есбјерг и Ѓер, односно Битигхајм и Мец.

Се вчитува...