Синер не сакаше да каже дека е најдобар тенисер во моментов, има голема почит кон Ѓоковиќ

Јаник Синер сега е најголемата закана за Новак Ѓоковиќ да го препушти првото место на светската АТП листа. Младиот италијански тенисер игра одлично и ако продолжи со добри резултати, предвидувањата се дека уште за време на сезоната на турнири на земјена подлога, да се случи Ѓоковиќ да биде детронизиран.

Иако самиот Ѓоковиќ изјави дека Синер е најдобриот тенисер во светот во моментов, Италијанецот е многу поскромен кога се работи за ова прашање.

„Тешко е да се одговори на тоа прашање. Сметам дека не можам да се споредувам со Ѓоковиќ и се што има тој направено. Имам голем почитување кон него“, рече Синер.

По откажувањето на Ѓоковиќ од турнирот во Мадрид, Синер ја има улогата на прв носител.

„Секако дека ми е задоволство, но тоа нема ништо посебно да смени. Тука сум и учам да играм добро на земја. Условите се малку поинакви, топчињата се побрзи. Ќе бидам пресреќен ако го најдам вистинскиот ритам на игра“, додава Синер пред предизвикот во Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести