Алегри: Тешко е да се пласирате во финале, а ние во последните три години ќе играме две

Јувентус се пласираше во финалето од Купот на Италија и покрај поразот на гостувањето кај Лацио во вториот меѓусебен натпревар. „Старата дама“ во Рим „чуваше“ предност од два гола, но домаќинтие преку Кастеланос кој ја тресеше мрежата во 12. и 48. минута успеаја да изедначат.

Лацио имаше резултат кој носеше продолжение се до 83. минута кога Милик постигна гол за 2-1, резултат што остана на семафорот до самиот крај и донесе ново финале за Јувентус, финале за кое задоволството не го криеше тренерот Масимилијано Алегри.

„Ова беше натпревар на патење, но знаевме дека ќе биде таков. Особено кога ќе примите гол од прекин. Имавме неколку шанси, преку Влаховиќ и Бремер, но потоа примивме гол од контра и момците беа на ивица на нервен слом. Никогаш не е лесно да дојдете до финале, а ние во последните три години два пати се бориме за трофејот“, изјави Алегри.

Се вчитува...