5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтопанска банка АД Скопје со многу силни перформанси во првиот квартал од...

Стопанска банка АД Скопје со многу силни перформанси во првиот квартал од 2024 година

Стопанска банка АД Скопје во првиот квартал од 2024 година оствари добивка пред оданочување од 957.720 илјади денари и е за 23 % повисока во однос на истиот период од минатата година.

Нето-приходите од камати изнесуваат 1.565.359 илјади денари и се зголемени за 21 % во однос на истиот период од минатата година, како резултат на кредитните активности и вложувањето на вишокот ликвидни средства во првокласни инструменти.

Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 213.431 илјади денари и се зголемени за 3 % во однос на анализираниот период во 2023 година, што се должи на зголемен обем на активности, односно зголемен обем на испорачани услуги на клиентите, од кои најмногу во делот на услугите во платниот промет и картичното работење.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 30.773 илјади денари.

Останатите приходи од дејноста изнесуваат 113.936 илјади денари.

И покрај сè уште присутните инфлаторни притисоци и ценовни флуктуации, Банката продолжува со оперативна ефикасност во однос на контролата на трошоците од работењето. Притоа, останатите расходи од дејноста и трошоците за вработени изнесуваат 253.411 илјади денари и 277.176 илјади денари, респективно и се за 11 % повисоки во однос на истиот период од претходната година.

Одржувањето на квалитетот на кредитното портфолио и управување со кредитниот ризик е во приоритетните цели на Банката. Оттука, заклучно со крајот на првиот квартал од 2024 година, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 387.330 илјади денари.

Како резултат на сето наведено, остварената добивка пред оданочување и резервации изнесува 1.345.050 илјади денари, додека добивката пред оданочување на 31.03.2024 година изнесува 957.720 илјади денари и е за 23 % повисока во однос на истиот период од минатата година.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП