Основците од Центар учеа за работата и функционирањето на Општината

Целата измината недела, децата од основните училишта во Општина Центар, остваруваа средби со градоначалникот Горан Герасимовски, преку организирани посети во Општината. 

-Секоја дружба со дечињата од нашите основни училишта е прекрасна и исполнета со многу емоции - напиша градоначалникот на официјалната Фејсбук страница. 

Основците на посетите учеа за функционирањето на локалната самоуправа.

-Преку организирани посети со своите учителки, во текот на целата измината недела и во рамки на наставата по предметот Историја и општество, заедно со вработените им ја објаснувавме работата, начинот на функционирање и улогата на градоначалникот и општината. Нивната искрена детска радост и љубопитност е голем мотив да продолжиме како општина да инвестираме во квалитетно образование и да ги подобриме условите за учење и постигнувања на учениците - рече Герасимовски.