Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Тухел разочаран од лошата среќа на Баерн: Ова е голем удар за нас

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Кингсли Коман заработи повреда на квадрицепсот и Баерн соопшти дека најверојатно Французинот нема да може да игра до крајот на сезоната, пех кој само уште еднаш потврдува деак крилниот фудбалер има една од најлошите сезони во својата кариера.

Токму во моментите кога се врати од претходната повреда и кога требаше да му помогне на Тухел на клучните дуели во Лигата на шампионите, Кингсли заработи нов голем проблем и тоа веќе претставува сериозен проблем во подготовките за Арсенал.

Тухел претходно остана и без Серж Гнабри, па опциите во нападот ќе бидат доста полимитирани во обидот да се урне англискиот тим на „Алијанц арена“.

– Повредата на Кингсли Коман е навистина тешка за проголтување. Стартуваше за првпат после долго време и повторно заработи лоша повреда.

– Сигурно е во аут за натперварот со Арсенал и тоа е голем удар за нас. Во едно четвртфинале треба да бидете подготвени на се, потребни ви се сите ресурси за меч кој може да трае 120 минути. Затоа ова е тежок удар за нас пред реваншот во четвртфиналето, – изјави Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни