На новинарско прашање дали чувствува одговорност за изборниот резултат на денешните избори и дали размислува да понуди оставка од лидерската позиција, тој истакна дека за тоа ќе се дискутира во партијата по 8 мај, односно по вториот круг претседателски избори и по парламентарните избори

Не очекувавме ваков резултат, јасно е дека луѓето не казнија и тоа го прифаќаме. Ова е тежок удар за европската перспектива, но не е доцна да се смени правецот. Откажувањето не е опција за нас, нема да се откажеме од европската иднина, порача вечерва на прес-конференција лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски.

Тој рече дека имаат уште две недели да ја испратат пораката до секој дека единствениот начин за суштинска и вистинска промена е европската интеграција на земјата.