Фасцинантно место со турбулентна историја: Се проценува дека има повеќе од 100.000 крстови

Семејствата на исчезнатите бунтовници не можеа да ги најдат телата на своите најблиски, па почнаа да поставуваат симболични крстови на местото на некогашното утврдување.

Ридот на крстовите е место за аџилак лоцирано на околу 12 километри северно од градот Шијаулиаи во Литванија. Станува збор за место со „море“ од крстови, чиј точен број не е познат, но се проценува дека во 2006 година ги имало повеќе од 100.000.

Потеклото на овој обичај е непознато, но се вели дека првите крстови биле поставени по востанието во 1831 година. Имено, на крајот на 18 век, по третата поделба на Полско-литванскиот Комонвелт, Литванија делумно станала дел од Руската империја и покрај противењето на сопственото и полското население. По неуспешните востанија, на овој рид почнале да никнуваат крстови.

По распадот на Руската империја во 1918 година, Литванија ја прогласи својата независност и ова стана место за молитва за мир, земја и најблиски изгубени за време на војните.

Меѓутоа, за време на советската окупација на земјата од 1944 до 1990 година, Литванците продолжија да поставуваат крстови во знак на протест против Русите, кои ги преместиле крстовите и ја уништиле областа со булдожер.

Денес луѓето можат слободно да поставуваат крстови на тој рид.