Марковска во СТУДИО 10: Не е европска вредност некому да не му дозволите да влезе во државата освен ако претходно не ја навредувал вашата држава

Владата не е приватно акционерско друштво па оној кој ја поседува главната акција ќе донесува одлука. Оттука не може премиерот да не знае што ќе се случува на 4 февруари, денот кога го чествуваме нашиот најголем револуционер Гоце Делчев, вели Ѓулистана Марковска, поранешна пратеничка, во СТУДИО 10 на ТВ24.

-Секој кој ќе дојде е добредојден ако се однесува како што треба. Не е европска вредност некому да не му дозволите да влезе во државата освен ако претходно не ја навредувал вашата држава, а таков е случајот со Џамбаски. Во некоја друга европска држава да се случува ова тој би бил уапсен, вели Марковска.

Тој не ги навредува само властите, тој ги навредува и граѓаните, ја коментира Марковска изјавата на премиерот Ковачевски за изјавата за медиумите дека шират партиска политика.

- Ако немаме слободни медиуми, немаме слободна држава, вели Марковска која додава дека Ковачевски со таа изјава само го бранеше коалицискиот партнер ДУИ иако Али Ахмети самиот се одбрани и го остави Ковачевски со неговата неумесна изјава.

Марковска на прашањето зошто ЕУ молчи во случајот на нападите од Бугарија врз Македонија вели дека причината е што има војна во Украина.

-Сосема е доволно да ја пуштиме снимката од собирите на Џамбаски за да ја објасниме нашата состојба пред ЕУ и Европејците, вели Марковска.