Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Велигденски концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче“

Охрид, 22. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва во концертната сала на ОМУ „Методи Патче“ од Охрид концерт ќе одржат учениците од ова училиште.

Концертот е по повод велигденските празници. Учениците на пијано, виолина, флејта и хармоника ќе изведат дела од Шуберт, Чајковски, Бах, Рубинштајн и други, во пијано придружба на проф.м-р Ирена Веруш и проф.м-р Даниел Чуркоски.

Почетокот на концертот е во 19:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука