Проблеми за Макаби пред „мајсторката“ во Атина

Во досегашната историја на Евролигата, ниту еден гостински тим не победил во „мајсторка“ во плеј-офот, а тренерот на Макаби Одед Каташ се надева дека неговиот тим ќе биде првиот што ќе го направи тоа.

Тренерот на гордоста на Израел потврди дека Вејд Болдвин нема да биде достапен за пресметката во Атина. Тој се обиде да настапи на четвртиот меч, но одигра само седум минути поради повреда на тетивата.

„Направивме се што можевме, се обидовме да ја донесеме најдобрата можна одлука. Сега кога повторно се повреди, можам да кажам дека посакуваме да постапевме поинаку и да почекавме да биде целосно здрав“, изјави Каташ. 

На натпреварот против Хапоел во домашното првенство, Џон ди Бартоломео го повреди и рамото, па и тој е неизвесен за дуелот со Панатинаикос.

Се вчитува...