Регион

Советот на Општина Струмица денеска ја одржа 34-та седница

На денешната 34-та седница на Советот на општина Струмица беше верификуван мандатот на новиот член на Советот, Мери Туџарова секретар на Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Струмица која доаѓа на испразнетото место на листата на советници од СДСМ.

На седницата беа усвоени ценовникот за работа на ЈПКД „Комуналец“ за 2024 година, Програмата за измена и дополнување на Програмата за работа на ЈП „Паркиралишта – Струмица “ и Одлуката за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во претпријатието за 2024 година.

Беа прифатени и предлог решенијата за разрешување и избор на член на Верификационата комисија и Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања, како и за разрешување и именување на вршител на должност член на Управниот одбор на ЈПЗБК „Стационар – ЛАНА“ и разрешување и именување на претставник на Општина Струмица во Управниот одбор на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица.

Препорачуваме:

Се чистат каналите во Дабиле

Фото: Струмичани на протест- бараме слободни избори и криминалците зад решетки

Ване Трајков

ВИДЕО: Прес конференција на ОО ВМРО ДПМНЕ Струмица