Бернардо Силва реши да се откаже од арапските пари за да заигра во Барселона

Се погласни се шпекулациите дека Бернардо Силва е на излезна врата од Манчестер сити. Португалецот има договор со Граѓаните до 2026 година, но многу веројатно е дека ќе си замине од Манчестер на крајот од сезонава.

Како најсериозни конкуренти да го добијат Силва во своите редови се Барселона и Пари Сен Жермен. Откупната клаузула на Силва во летниот период ќе биде 50 милиони евра, пари кои може да си ги дозволат европските гиганти.

Иако ПСЖ финансиски е помоќен од Барселона, Бернардо Силва има желба да го облече дресот на каталонскиот гигант. Едноставо Португалецот ги одбива милионите од арапските богаташи во Сити и ПСЖ, за да заигра за тимот кој го посакува.

Силва е „дете“ на Бенфика, а пред да дојде во Сити играше и за Монако. За репрезентацијата на Португалија има 88 настапи и 11 постигнати погодоци.

- Оглас -

Најнови вести