Баерн се пофалија со потписот на Ким Мин-Џеј

Min Jae Kim of SSC Napoli prior to the Serie A football match between SSC Napoli and ACF Fiorentina at Diego Armando Maradona stadium. Naples (Italy), May 7th, 2023. (Photo by Cesare Purini/Mondadori Portfolio via Getty Images)

Трансфер сагата околу Ким Мин-Јае која во главно се водеше во тајност е готова. Репрезентативецот на Јужна Кореја е нов фудбалер на Баерн Минхен.

Стоперот кој командуваше со одбраната на Наполи во походот кон скудетото и беше близок со Ељиф Елмас го оствари трансферот од соништата. Баерн на „партенопеите“ ќе им плати 50 милиони евра за услугите на Ким кој веќе парафира договор со тимот од Минхен до 2028 година. Наполи профитира со повеќе од 30 милиони евра за само една сезона, бидејќи минатото лето го купија дефанзивецот од Фенербахче за „само“ 18.

26-годишниот Ким играше во Јужна Кореја до 2019 година, по што замина во кинескиот Беижинг Гуоан, за две години подоцна да пристигне во Фенербахче за само 3 милиони евра. Една сезона во Турција му осигура трансфер од 18 милиони евра во Наполи, и тој си заминува од Италија по само една сезона.