Барселона го покажа дресот со кој ќе игра на Ел Класико, доминира логото на колумбиска пејачка (Фото)

Како дел од соработката со главниот спонзор на клубот, компанијата „Спотифај“, на предната страна на дресот на Барселона за дербито со Реал Мадрид ќе се појави логото на колумбиската пејачка Карол Џи, објави каталонскиот клуб.

Логото на Карол Џи е срце направено од бодликава жица.

Ел Класико се игра на 21 април во Мадрид, а неколку фудбалери на Барса позираа во дресовите со кои тимот ќе се појави на „Сантијаго Бернабеу“.

Карол Џи е најстримуваниот латино изведувач на „Спотифај“ четири години по ред.

Есеноска во октомври, Барса против Реал Мадрид играше во дресови со логото на рок групата Ролинг Стоунс.

- Оглас -

Најнови вести