Барселона не дозволи и втор кикс: Израмнување во серијата со Олимпијакос

Барселона не дозволи и втор кикс во четвртфиналната серија од Евролигата против Олимпијакос израмнувајќи на 1-1.

По поразот од 75-77 на првиот меѓусебен меч, сега каталонскиот тим славеше со 77-69, на тој начин внесувајќи очекувана неизвесност во двомечот.

Барселона победата ја осигура најмногу во првата четвртина која ја доби со 27-14. Потоа успеваше да ја одржува предност, и покрај во неколку наврати враќањето во игра на грчкиот тим. Олимпијакос немаше сила за пресврт, на крајот соочувајќи се со поразот.

Џабари Паркер со 24 поени беше најефикасен во тимот на Барселона, а Хернангомез запиша 11 поени. Кај Олимпијакос се издвои Алек Петерс со 20 постигнати поени.

Се вчитува...