„Паркирај совесно и одговорно“, „Не користи мобилен додека возиш“ – спроведени кампањи во Кочани

„Не користи мобилен телефон додека возиш“ и „Паркирај совесно, паркирај одоговорно“ – спроведени две едукативни кампањи во Општина Кочани. Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, Општина Кочани и средношколците од СОУ „Гошо Викентив“ преку превентивни разговори со граѓаните пред се со возачите укажаа на важноста од одговорно паркирање. Целта е да не се паркира на зелени површини, пред влезови и слично.

„Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на Општина Кочани денеска се вклучуваат во кампањата „Паркирај одговорно и совесно“. Денеска сакаме да потенцираме и да ги потсетиме сограѓаните и сите учесници во сообраќајот на одговорно паркирање и корисно, да не се користат зелените површини, да не ги паркираме возилата и да ги блокираме останатите паркирани возила, да не ги блокираме влезовите и се она што е согласно законската регулатива.“ – вели Пауновска-Анџелковиќ.

Во меѓувреме истакнаа дека се работи на промени на сообраќајниот режим во градот со што ќе се добијат поголем број на паркинг места за граѓаните, со што ќе се работи и на намалување на сообраќајниот метеж во градот.

„Покрај тоа што се потсетуваме и преветивно делуваме најавуваме дека во тек се припреми кои ќе донесат промени на сообраќајниот режим во градот, утврдување на поголем број паркинг места и средување на сообраќајот во Општина Кочани.“ – додава Пауновска-Анџелковиќ.

Кампањи во областа на сообраќајот во Кочани се спорведуваат редовно, со цел да се вози одговорно, возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи како и совесно да се паркираат.

Лаура Стојанова М-Нет