Дојави за бомби во владата и судовите во Хрватска

Врховниот суд во Хрватска утринава добил е-пошта со закана дека има бомба во просториите на судот. Веднаш била повикана полиција за увид.

Според хрватските медиуми, во тек е евакуација на зградата во која се наоѓаат сплитските судови, потврдил портпаролот на Сплитскиот Жупаниски суд, Динко Мешин.

Заканувачкиот мејл покрај сите судови го добиле и повеќето државни институции, а прва на листата на информирани за заканувачката бомба била Владата на Хрватска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e