Сеќавање: Денес се сеќаваме на нашиот историчар на уметност и ликовен критичар Димче Коцо

Димче Коцо е роден во Охрид на 10 октомври 1910 година. Тој беше истакнат македонски историчар на уметноста, ликовен критичар и автор на голем број трудови од областа на средновековната уметност и археологијата.

Матурирал во Битола, а дииломирал во 1937 година на групата Историја за уметноста на Филозофскиот факултет во Белград. Паралелно со студирањсто на Факултетот, учел една година сликарство во Уметничката школа во Белград.


Бил на студиски престој во Франција и Италија. Учествувал со реферати на сите меѓународни конгреси на византолозите, организирани по војната. Од 1938- 1941 година работи како наставник во средни училишта, а од 1942 до 1944 година бил асистент во Народниот музеј во Скопје.

По војната бил директор на Народниот музеј во Скопје, и на Археолошкиот музеј во Скопје и на Заводот за заштита на културно-историските споменици на СРМ. Од крајот на 1946 година бил наставник по предметот историја на уметноста на Филозофскиот факултет, првин во звање предавач, а во 1963 година е избран за редовен ирофесор. Во учебните 1950/51 и 1957/58 година бил декан на Филозофскиот факултет во Скопје, а во 1951-1952 и 1958-1959 година продекан на истиот факултет. Бил одговорен уредник на Гласникот на Музејско-конзерваторското друштво на СРМ и на Зборникот на Археолошкиот музеј во Скопје, уредник на Енциклопедијата па ликовните уметности (за Македонија), потоа претседател и член на ДЛУМ, како и на повеќе управи на друштва од републичко и од сојузно значење и прстседател на повеќе совети.


Дописен член е на Германскиот археолошки институт во Франкфурт на Мајна (од 1955), а во 1969 година е избран за (Doctor Honoris Causa на Универзитетот во Безансон). Бил сојузен пратеник и долгогодишен одборник на Народииот одбор на Скопје. Добитник е на Награда на Владата на НРМ за 1959 година и на „11 Октомври“ за 1969 година.

Истовремено, тој бил и активен ликовен уметник и критичар. Од ослободувањето до денес има три самостојни изложби, а учествувал на речиси сите изложби па ДЛУМ во Југославија и во странство – Франција и Италија. Објавил новеќе научни трудови од областа на македонската средновековна уметност, средновековната уметност на другите балкански народи и современата македонска уметност. Неговото капитално дело „Археолошка карта на Република Македонија“ е објавено во три тома под издаваштво на МАНУ. За дописен член на Македонската акадсмија на науките и уметностите е избран на 25 декември 1969 година, а за редовен член – на 26 декември 1974 година.


Починал на 17 март 1993 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …