Медицинското училиште „Јане Сандански“, прославува 67 годишнина од своето постоење

Медицинското училиште Јане Сандански, денес прославува 67 годишнина од постоењето, својот патронен празник. За таа цел во училиштето се одржаа манифестација, приредена од старана на учениците и професорите од училиштето. Околу дестет точки беа изведени пред публиката, а дел од тоа беше рецитал, музичка точка, играорана и слично. Николиќ вели дека до ден денес има напредок во сите полиња, затоа што за прв пат е воведено дуални паралелки.

„Денес ја прославуваме 67 годишнината од постоењето на нашето училиште Јане Сандански Штип, едно од првите медицински училишта на ниво на нашата држава. Овој ден се сеќаваме на минатото, ја славиме сегашноста и правиме планови за иднината. Како средно медицинско училиште до ден денес направивме напредок во сите полиња, го следиме трендот во образованиот процес, сите знаеме за прв пат воведовме дуални паралелки. Со исите овозможуваме да го задовилеме пазарот на трудот.“ – изјави Николиќ

Директорката упатува голема блаодарност до сите ученици и професори, кои го вложуваат најдоброто и допринесуваат, училиштето да биде најдобро како што е и сега. Затоа што тие денес се сеќаваат на минатото, ја прославуваат денешницата и кроат планови за иднината.

„Денес би сакала да се заблагдарам пред се на учениците, наставниците, на нашите бизнис партнери кои што за цело време се со нас и заеднички ги правиме плановите за нашата иднина. Очекувам уште долги години средното медициснко училиште да биде примат и пример како треба да опстојува и да работи едно училиште.“ – додава Николиќ

Во иднина очекуваат медицинското училиште да продолжи да биде пример за опстојување и работа на училиштето. И се надеваат дека идните генерации кои ќе станат дел од нив, ќе бидат успешни и ќе ги исполнат своите цели.

Лаура Стојанова, М-Нет