Рецепт од нашите баби: Како да направите вкусни ДОМАШНИ МЕКИЦИ

26 јануари, 20230
d3ddfbdbc069b56c3e74d3bc48cbfc4b860d299c

Ви треба:

1 коцка свеж квасец
1 рамна лажичка шеќер
1 рамна лажичка сол
200 мл млака вода
200 мл ладно млеко
550 гр брашно

Подготовка:

Квасецот се рони, се додава шеќерот, солта, водата и млекото и се меша, се додава малку брашно и се остава квасецот да нарасне неколку минути. Потоа се замесува тесто со додавање брашно додека не се добие мазна топка. Оставете го тестото да одмори малку и да нарасне, покријте го садот со крпа.

Кога ќе нарасне, замесете на рамна површина, додавајќи по малку брашно. Кога тестото добро ќе се измеси, поделете го на топчиња, обликувајте по желба и премачкајте со малку масло. Оставете ги малку да одморат, а за тоа време загрејте го маслото во широка тава, формирајте и додајте ги мекиците да се пржат. Свртете да се испржат од двете страни и послужете со сирење и јогурт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi