Поврзете се со нас

Македонија

„Експлозија“ на вицешампионот: Алкалоид до врв ја наполни мрежата на Охрид

Објавено

на

Актуелниот македонски ракометен вицешампион Алкалоид му одржа лекција на Охрид (41:31) во дерби средбата од 11. плејоф коло во Суперлигата.

Охрид го реши Алкалоид во првиот меч од оваа фаза, па токму затоа се очекуваше да биде драматично, возбудливо во Автокоманда, но наместо тоа видовме доминатна, убедлива партија на избраниците на Кирил Лазаров.

Домашните ракометари одиграа две ефикасни полувремиња и до врв ја наполнија мрежата на противникот.

Стојковиќ и Митев (Марко) беа најефикасни со по седум гола, додека голманот Трајкоски забележа 12 одбрани.

Алкалоид кој е трет на табелата во следното коло му гостува на Вардар, додека Охрид ќе го пречека Пролет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни