Дијаспората освен патниот лист кој е бесплатен, да ги користи и базните станици во дипломатско-конзуларните претставништва, апелира Бојмацалиев

Дијаспората-освен-патниот-лист-кој-е-бесплатен-да-ги-користи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, на својата Фејсбук страница, упати повик до македонската дијаспора дека освен патниот лист, имаат можност да ги искористат и базните станици во дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија.

„Упатувам повик до македонската дијаспора, освен патниот лист кој е бесплатен, имаат можност да ги искористат и базните станици во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија.


Проектот за поднесување барања за издавање на патни исправи преку дипломатско-конзуларните преставништва е отпочнат 01.10.2021 година и до 09.02.2024 година вкупно 47.726 граѓани ја имаат искористено оваа можност да извадат патна исправа преку ДКП-та“, информира Бојмацалиев.

Моментално барања за издавање на патни исправи, како што појаснува се поднесуваат во вкупно 25 дипломатски преставништа и тоа: Љубљана, Лондон, Берн, Берлин, Бон, Минхен, Виена, Њујорк, Чикаго, Венеција, Рим, Малта, Стокхолм, Копенхаген, Пекинг, Малме, Абу Даби, Осло, Брисел, Хаг, Париз, Торонто, Детроит, Мелбурн и Канбера.

„Целокупниот процес – од поднесување на барање до изготвување на патните исправи трае од 15 до 30 дена, што е сериозно кратење на времетраењето на процедурите, ако се земе предвид дека досегашната постапка траеше од четири до пет месеци, со големи трошоци за граѓаните.
Оваа иницијатива е на поранешниот министер Оливер Спасовски и раководството на МВР од 2018 година, со инвестиција од 150.000 евра, а истата финишираше на крајот од 2021 година, решавајќи го деценискиот проблем што го имаше нашата дијаспора“, пишува Бојмацалиев.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK